Управата на Валенсија одлучи да му врачи отказ на Хави Гарсија на четири кола до крајот од сезоната, непосредно по поразот од Барселона со 3:2 во 34 коло од Ла Лига.

Валенсија засега не е во опасност од испаѓање од елиатата, но клубот верува дека тој повеќе не е вистинскиот избор за менаџерската позиција во првиот тим.

Гарсија пристигна на „Местаља“ на почетокот од оваа сезона во која не ја доби вистинската поддршка од управата откако клубот го напуштија неколку првотимци а не беше ангажирана нивна адвекватна замена.

До крајот на сезоната тимот ќе го води Салвадор Гонзалез Воро.