Веќе неколку дена е познато дека Влатко Костов е нов тренер на кавадаречки Тиквеш, што и самиот го потврди, но тоа се официјализираше денеска.

Тој веќе одработи неколку тренинзи со своите нови играчи, а денеска и официјално стави потпис на договор со претседателот на клубот, Миле Масларков.

Со Тиквеш трофејниот тренер потпиша договор на две години. Кавадарчани очекуваат дека сега доаѓаат подобри денови за нив, а тоа нормално значи победи и опстанок во првата лига.