Шпанска Премиера е последна во низата на лиги во кои во наредните две седмици  нема да се игра фудбал. Ова е одлуката на Фудбалската Федерација на Шпанија која  ги прифати барањата на голем број клубови од земјата и утрово на вонреден состанок донесе одлука за суспендирање на Ла Лига.

„Со оглед на околностите и ширењето на коронавирусот во Шпанија, од Примера донесовме одлука да ја суспендираме лигата во наредните десет дена. Тоа значи дека одложени ќе бидат 28. и 29. коло. Будно ќе ја следиме целата ситуација и навремено ќе ве известуваме за сите донесени одлуки“, се вели во соопштението на Примера.

Според последните информации најризично е во тимот на Реал Мадрид каде сите фудбалери се ставени во карантин, бидејќи еден кошаркар на „кралевите“ веројатно го има смртоносниот вирус.