Македонскот фудбалски прволигаш, Македонија Ѓорче Петров е во потрага по нов тренер откако Жикица Тасевски денеска по поразот од Струга ТЛ на домашен терен си поднесе оставка од морални причини.

Резултатите од есенскиот дел од сезоната го потврдија и ги подигнаа амбициите во тимот од скопски Ѓорче Петров, но во пролетниот дел од сезоната работите не се одвидаа како што очекуваа.

Тасевски денеска поднесе оставка а клубот е во потрага по нов предводник кој треба да ги потврди плановите, излез во Европа.