Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле ќе се оправува најмалку шест месеци по изврешаната операција на ногата.

Ова го потврдија од Каталонскиот гигант откако било утврдено дека Дембеле ќе мора да оди на операција по повредата минатата недела на тренинг.

Демебеле претрпе повеќе повреди на двете нозе по доаѓањето од Дортмунд во 2017 година и се најавуваше дека следново лето ќе биде продаден.

Тој одигра само три натпревари оваа сезона а пропушти вкупно 63 меча поради повреди во сите конкуренции по пристугнувањето на „Камп Ноу“.

Дембеле беше дел од составот на Фрацнија кој го освои последното Светско првенство но поради повредата нема да биде дел од „Триколорите“ на престојното Еверопско првенство.