Кошаркарот на Црвена Звезда Огњен Кузмиќ денеска беше пуштен на домашно лекување.

Лекарите од  Ургентниот центар во Белград се задоволни од неговото опоравување и поради одличните резултати  за неговото здравје, рехабилитацијата ќе продолжи во кругот на семејството со редовни контроли и надзор на лекарите кои го лекуваат и го водат овој случај.

Српскиот кошаркарски шампион уште еднаш упати голема благодарност до сите кои пружија голема подршка додека траеше борбата да се спаси животот на кошаркарот.

Да подсетиме кошаркарот после сообраќајната несреќа беше во индукована кома,а потоа беше направен оперативен зафат за да се санираат повредите од несреќата.