Бразилецот Нејмар заработи незгодна повреда во финишот од вчерашниот натпревар со Сент Етјен. Јасно е дека оваа повреда значи дека Аргентинецот го чека подолга пауза од терените.

Според одредени информации, повредата на Нејмар е доста сериозна и паузата ќе трае повеќе месеци. Во зависност од степенот на оштетеност на лигаментите на предниот скочен зглоб.

Нејмар заработи незгодна повреда во самиот финиш од вчерашниот натпревар со Сент Етјен, јасно е дека бразилскиот голгетер го очекува пауза од терените, но „РМЦ Спорт“ тврди дека Покетино нема да може долг период да смета на услугите на овој фудбалски генијалец. Ова би претставувало огромен удар на амбициите на ПСЖ за трофеј во Лигата на шампионите.

Официјалните лица на ПСЖ се уште молчат околу точната дијагноза по вчерашните лекарски прегледи, со што се остава простор за шпекулации околу должината на паузата, за која различни француски медиуми шпекулираат дека ќе изнесува од еден па се до шест месеци.