Манчестер Јунајтед против Вотфорд прикажа една поразлична игра во однос на пресметката со Клуб Бриж. Во победата од 3:0 директно учествуваше зимското засилување на „Ѓаволите“, Бруно Фернандеш со еден гол, една асистенција и еден пенал направен врз него.

„Го подигна моралот кај сите. Можете да ги видите навивачите, тие сакаат играчи со таков карактер и секако квалитетите кои Бруно ги посадува. Уште од првиот ден, првата минута на теренот се почуствува неково присуство во екипата. На некои играчи им треба време но некои имаат самодоверба веднаш да истапат. Фернандеш е микс на Сколс и на Верон. Го има темпераментот на Верон но има и многу од квалитетите кои ги поседуваше Сколс. “ – изјави Солскјер .

Менаџерот на Манчестер Јунајтед потврди дека во летниот преоден рок на „Олд Трафорд“ ќе пристигна уште неколку нови играчи со кои ќе се подобри квалитететот во нападот.

Неофицијално, Солскјер на располагање ќе има над 250 милиони евра за транасфери.