Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер потпиша нов договор до 2024 година.

„Црвените ѓаволи“ и Норвежанецот додадоа опција на новата соработка и дополнително да ја продолжат за уште една сезона.

“Секој знае како се чувствувам во овој клуб и јас сум воодушевен од новиот договор. Ние изградивме добар тим, направивме рамнотежа на млади и искусни играчи кои се гладни за успех. Подготвени сме за нов чекор. Јунајтед сака да освојувај ги најважните трофеи и сите се стремиме кон тоа и едвај чекам да почне новата сезона “, рече Солскјер.

Солскјер пристигна на „Олд Трафорд“ на крајот на 2018 година, каде настапуваше и  како играч, а претходно работеше во Молде и Кардиф како менаџер.