Напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе, два дена не тренираше поради грип и запаление на грлото. За секој случај тој беше испратен на тестирање од коронавирус, чии симптоми се слични на обичниот грип.

Резултатите стигнаа и за среќа се негативни – Мбапе е „чист“.

Оваа информација ја пласираше новинарот на Telefootо, Јулиан Мајнард.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, потврди дека Мбапе има гнојна ангина.

Тој е болен, се бори со ангина и ќе се обидеме да направиме лесен тренинг со него. Утре ќе решаваме дали ќе игра“, вели Тухел.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд се игра утре, со почеток во 21 часот.