Одличниот норвешки напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, сигурно ќе биде една од главните ѕвезди на летниот преоден рок. За фудбалерот кој оваа сезона постигна 37 голови во 38 натпревари се борат најголемите светски клубови.

Неговите застапници имаа состаноци со Реал Мадрид и Барселона, како и со неколку најсилни англиски клубови, а норвешкиот напаѓач се поврзува и со Баерн Минхен.

Сепак, како што тврди Оливер Кан, легендата на клубот и еден од водечките оперативци на Баерн, од тој трансфер нема да биде ништо. Еден од најдобрите голмани во историјата во разговор за Билд кажа дека целиот пакет околу Халанд кошта премногу и дека Баерн во моментов не е во позиција да оди во таков ризик.

„Жал ми е, но оние кои зборуваат како мораме да го купиме едноставно не ја сфаќаат ситуацијата. Пакетот околу Халанд како што слушнавме, чини повеќе од 100 милиони евра, а во овој момент тоа не е опција за Баерн“- кажа Кан па продолжи:

„Кога пред година и половина влегов во Извршниот одбор на клубот, финансиската ситуација беше различна отколку денес. Во годините кои следуваат ќе мораме да бидеме паметни во текот на предните рокови. Ќе мораме брзо да реагираме и не чека тежок период“– кажа Кан.

Тој додава дека Баерн и понатаму може да смета на Роберт Левандовски, кој иако има 33 години игра во животна форма.

„Роберт со нас има договор уште две години. Само во Бундес лигата постигна 39 голови оваа сезона и му фалат уште два да го помине рекорднот на Герд Милер од 1972 година. Неговите настапи не можат да се доведат под знак прашалник. Роберт може да игра на ова ниво уште неколку години и поради тоа не мораме да размислуваме за Халанд.“

Агентот на Халанд, Мино Раиола на почетокот на месецов кажа за АС дека Борусија Дортмунд нема намера да го продаде напаѓачот, но и додаде:

„Денес службениот став на Дортмунд е таков. Меѓутоа, мислам дека тоа ќе се промени ако се појави добра прилика сите на крајот да бидат задоволни“– вели контроверзниот агент.