Напаѓачот на Челси Оливие Жиру има намера да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Ова го побара од него селекторот на Франција, Дидие Дешамп за да може напаѓачот да конкурира за настап на следното ЕП.

За него се заинтересирани Бордо и Интер, но и двата клуба сакаат да го купат по намалена цена, или пак чекаат самиот Жиру да се согласи на помала плата. Секако, Интер има поголеми шанси, поради поголемиот буџет.

Што се однесува на фудбалерот, тој би сакал да игра во Интер, особено што веќе соработувал со тренерот Антонио Конте во Челзи. Но, кај него постои оправдан страв дека во Интер може да му се случи истото што и во Челзи – мала минутажа во конкуренција со Ромелу Лукаку и со Лаутаро Мартинез.

Жиру оваа сезона настапи на само 5 средби на Челзи во Премиер лигата и засега нема постигнато гол.