Англичанецот Мајкл Оливер (34) е делегиран за главен судија на утрешната средба меѓу Австрија и Македонија на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена.

Оливер е искусен судија со знакот на ФИФА од 2012, во елитата на УЕФА е од 2018 година, за прв пат и суди на Македонија, но и на Австрија.

Ова е само втора пресметка меѓу двата национални состави, на првата во Скопје победи Австрија со 4-1.

На Австрија е потребен бод за заверка на пласманот на ЕУРО 2020 година, Македонија шансата ја гледа преку Лигата на Нации во баражот со Косово во март следната година.

 

Мајкл Оливер е еден од најконтроверзните судии во Премиер лигата и често е напаѓан од навивачите за калкулантското судење на дерби дуелите.