Управата на Реал Мадрид верува дека ќе успее да го купи Нејмар ова лето но за ова да се случи прво ќе мора да продава, пренесува Марка.

Откако стана јасно дека ПСЖ нема да прифати понуда за напаѓачот во која ќе бидат вклучени играчи, „кралевите“ забрзано работат на продажбата на Бејл,  Диаз и на Хамес Родригез.

Италијанска „Газета Дело Спорт“ прогнозира дека ако Нејмар заврши во Мадрид, тоа ќе значи дека Дибала и Икарди веднаш ќе станат атрактивни за ПСЖ а можеби и за Барселона.

Постои сценарио, Дибала да замине во ПСЖ, Икарди да се пресели во Јувентус или во Барселона а Џеко да премине во Наполи за каде се најавува и трансферот на Хамес Родригез.