Кабловските оператори најавија дека од 1 ноевмри ќе бидат приморани да ги исклучат сите телевизиски канали, освен оние на јавниот сервис МТВ. Ова доаѓа поради нерешениот проблем со измените на закот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги.

Решение на проблемот се уште нема. Операторите поднесоа иницијатива до Уставиот суд во февруари оваа година за оценка на новите одредби од Законот, но по однос на ова барање одлука се уште нема.

Спорните членови во законот им наметнуваат на операторите да гарантираат за авторските права на странските радиодифузери, реемитувањето предвидува кривична и материјална одговорност.

„Едната солуција е законското решение да биде изменето, односно да биде избришан членот 143, став 3 и 4. Или втората варијанта е да се прифати нашата иницијатива, која е на разгледување пред Уставен суд. Во спротивно ние по сила на Закон, кој што е стапен во сила и правилниците што ги има донесено Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не сме во можност да ги пререгистрираме странските канали со оние фамозни изјави кои што треба да ги дадат одговорните лица на странските радиодифузери, но и одговорните лица на операторите кои вршат реемитување, што е нон сенс, спротивно на европската пракса.“- изјави Благој Христов од Здружението на ИКТ од Стопанската комора на Македонија.

Ако до оваа сабота не се најде заеднички јазик, ова значи дека Спорт Клуб, Арена Спорт и Еуроспорт нема може да ги гледаме на ТВ, па спортот ќе биде достапен во нашите домови само преку МТВ или преку интернет стримови.