Во една од основните училишта во италијанскиот град Бергамо ученикот отсуствувал од часови поради средбата меѓу Аталанта и Валенсија, во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Претходно тој на учителот му донесе оправдание од својот татко, на кое пишуваше:

Ве информирам дека оваа вечер Едуардо нема да биде во градот поради културно-историски причини. Тој заедно со татко му ќе биде сведок на настан кој ќе биде дел од историските книги на Бергамо. Форца, Аталанта“.

Навистина, Аталанта ја совлада Валенсија со дури 4:1.