Екипата на Ливерпул во интересен и ефикасен натпревар вечерва го победи Њукасл со 3-2 на гостински терен и остана во трка за титулата во Англија. „Црвените“ со новите 3 бода ќе бидат на чело на табелата, барем до понеделник вечер, кога конурентот за пехарот, Манчестер Сити ќе игра со Лестер. Победа на овој меч ќе ги врати граѓаните на првото место со само еден бод предност пред Ливерпул на едно коло пред крајот на сезоната.

Во натпревар кој мораа да го добијат избраниците на Клоп рано го отворија натпреварот преку Ван Дајк, а Атсу изедначи во 20. минута. Салах му донесе пресност на Ливепул за 1-2, резултат со кој се отиде на пауза.

Првиот напаѓач на Њукасл, Саломон Рондон израмни на 2-2 во 54-минута, а во возбудлив финиш во кој гостите останаа без повредениот Салах, победата на „црвените“ им ја донесе Белгиецот Ориги на само неколку минути пред крајот на мечот.