Враќањето на Синиша Михајловиќ на клупата на Болоња, само 40 дена по почетокот на борбата со леукемијата, ги изненади фудбалерите, признава првотимецот Рикардо Орсолини.

„Зборуваше со нас преку видео снимка цела недела и зборуваше дека не е 100 проценти подготвен. Пред еден месец ни кажа дека сака да биде со нас во Верона, но не верувавме дека така ќе биде.“ – истакна еден од најдобрите фудбалери на Болоња по натпреварот.

Орсолини вели дека тимот е пресреќен што тренерот им направил изненадување и им дал дополнителен мотив. Вели дека им недостасува во соблекувалната бидејќи неговото присуство е од големо значење.

Изгубил на килажа, но волјата, одлучноста и страста се останати исти кај него“ – заклучува тој.