Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ја одржа официјалната прес конференција во пресрет на мечот во Талин против Номе Калју во рамките од 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

На прес конференцијата присуствуваа тренерот на тимот од Тетово Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими.

„Важен меч за нас, ние сме подготвени максимално, не велиме дека ќе биде лесно, но ќе дадеме се од себе за добар резултат. Три пати сме на чекор да обезбедиме место во групите, но секогаш добивавме тешки противници. Од 2013 година имаме добар спонзор кој инвестираше во клубот и посакуваме да направиме успех во Европа. Сакаме да напредуваме од година во година, и се надеваме дека овој пат ќе успееме во намерата да влеземе во групите, изјави првиот човек на стручниот штаб тренерот Ќатип Османи.

„Овие мечеви се покваливтени од оние од домашниот шампионат, добивате во искуство, во квалитет, и имате можност да играте против силни екипи. Со кој резултат би бил задоволен? Имавме два меча пред нас, сакаме да излеземе победници од двата меча, без разлика на резултатот утре“, рече капитенот на македонскиот првак Арменд Алими.