Шкендија по елиминацијата во првото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите продолжува со битката за европска есен. Проблемите во играта од двомечот со Номе Калју се елиминирани и тетовци утре против Дуделанж ќе влезат со поинаков пристап и изменет тим.

„Анализиравме и увидовме дека грешката е во нас за елиминацијата во ЛШ. Мислам дека сега сме подобро подготвени. Ќе има промени во тимо но пред се во пристапот со кој ќе се обидеме да го добиеме мечот. На утрешниот натпревар од првата минута ќе стартува и Филипе.“ – изјави Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.

Натпреварот Шкендија – Дуделанж кој е прв од двомечот во 2 коло од квалификациите во Лига Европа ќе се игра утре на „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 17:55.