Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи не размислува з аоставка на кормилото на Шкендија по поразот од Дуделанж, ќе се обиде со тимот да се поправи на реваншот за седум дена .

Османи смета дека грешките кои сами ги направи Шкендија беа пресудни за поразот денеска, сепак ништо не е загубено, претстои реванш за седум дена.

„Имавме серија на промашувања во вторто полувреме, казната стигна, примивме голови по наши грешки, се повтори слабата реализација, ќе се подготвме за реваншот најдобро што можеме„ -изјави Османи.

Шкендија сезонава нема победа во Скопје , на два пати губи со 2-1 од екипи кои не требаше да бидат „ниво“ на шампионит на Македонија.