Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе треба да направи подвиг на реваншот против Дуделанж во Луксембург за да се пласира понатаму во второто квалификациско коло од Лигата на Европа откако по првиот меч во Скопје тимот од Луксембург триумфираше со 2-1.

Пред реванш натпреварот помеѓу двете екипи на прес конференцијата тренерот на тетовскиот тим Ќатип Османи изјави :

„По првиот мечот ја анализиравме нашата игра. Ништо не е загубено и на реваншот имаме можност за поправен. И на крајот од првите 90 минути реков дека ќе се бориме за да ја анулираме негативата. Во текот на неделата работевме да бидеме на ниво за победа, па затоа мислам дека и тренерскиот тим и фудбалерите сме свесни за важноста на мечот.
Утре пред се треба да одиграме рутински и мирно. Друго што треба да промениме е начинот на кој што ги постигнуваме головите. Досега реализиравме само од пенали. Мислам дека ни е потребен погодок во раниот дел од мечот. Се уште не сме го одредиле почетниот тим, но нема да има многу промени“

Доколку го елиминира Дуделанж, екипата на Шкендија во третото коло од квалификациите за Лига Европа ќе игра против поразениот од дуелот помеѓу Номе Каљу и Селтик.

Реванш мечот Дуделанж- Шкендија е закажан за утре со почеток од 17:55 часот.