Тренерот на Ајнтрахт Франкфурт Ади Хител остана без возачка дозвола на четири месеци поради дивеење по автопат.

Тој на дело од автопатот покрај Франкфурт, на кој ограничување е 100 километри на час, со своето Порше Макан, возел двојно побрзо.

Германските медиуми не јавуваат колкава парична казна добил 51 годишниот Австриец.

Хитер од 2018-та е на клупата на Ајнтрахт, но ќе го напушти тимот на крајот сезоната и ќе замине во Борусија Менхенгладбах, клуб кој пред две недели прифати да плати 7.5 милиони евра за Хитер. Тоа беше најголем трансфер на тренер во Германија, се до денеска, кога Баерн Минхен реши да плати за Нагелсман дури 25 милиони евра.

На три кола пред крајот, Ајнтрахт Франкфурт е на четвртата позиција во Бундес лигата која носи место во Лигата на шампионите, но Борусија Дортмунд има само еден бод помалку.