Евертон нема немера да се откаже од услугите на Андре Гомес и наскоро ќе го промовира како нов играч. Правото за откуп на договорот на репрезентативецот на Португалија ќе биде искористено пренесуваат медиумите од Англија.
Евертон ќе и плати на Барселона 25 милиони евра и со ова ќе обезбеди перманентен трансфер на португалецот кој оваа сезона ја мина како позајмен на „Гудисон Парк“. Плејмејкерот немал ништо против да ја прифати понудата од Евертон и бил подготвен да потпише четиригодишен договор.
Гомес одигра 27 натпревари во екипата на Марко Силва, постигна еден гол и една асистенција но поради неговата мобилност на теренот екипата од Англија има намера да го купи неговиот договор.
Според „Експрес Спорт“, целата зделка ќе биде склучена во следните 24 часа.
Be the first to write a comment.