Мартин Одегард пред пет години како тинејџерска сензација се појави на европската сцена и веднаш премина во редовите на Реал Мадрид, но неговата кариера тргна во надолна линија.

Младиот Норвежанец не можеше да се избори со силната конкуренција, па беше испраќан на позајмици. Најпрвин помина две години во Холандија, а ова лето се пресели во Реал Сосиедад. 20-годишниот фудбале конечно го покажа својот потенцијал и игра фантастично во Реал Сосиедад, па повторно го привлече вниманието на многу европски гигати.

Медиумите пренесуваат дека Арсенал и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани да го донесат во своите редови. Солскјер го сака својот сонародник кој треба да внесе креација во нападот на „црвените ѓаволи.

Сепак, Реал Мадрид нема лесно да се откаже од него, па се уште не е јасно дали е спремен да го продаде Одегард и за која сума.