Легендарниот голман Икер Касилјас официјално објави дека се пензионира, тој во кариерата освои се што можеше да се освои.

Касилјас се прослави како голман на Реал Мадрид, долго беше член на шпанската репрезентација, бранеше и во  Порто, одигра преку 1.000 натпревари а освои 24 трофеи.

Легендарниот голман остави неверојатна трага во светскиот фудбал, тој како капитен освои пехари на Светско првенство иЕвропско првенство, триумфираше во Лига на шампионите, шпанско првенство, Купот и Суперкупот…

Касилјас  првиот меч во кариерата го одигра на 12 септември 1999 година на „Сан Мамес“ во Билбао, а последниот натпревар го одигра  на 26 април 2019 година.

За Реал Мадрид настапи на 725, за репрезентацијата на Шпанија настапи на168 меча.