Наглото зголемување на бројот на заразени од Коронавирус во Катар, каде само денеска беа регистрирани 200 заболени, го одложи турнирот „Qatar Airways International“, кој требаше да се одржи во главниот град Доха на крајот на месецот.

Ова го соопшти Хрватскиот фудбалски сојуз.

На овој турнир требаше да настапат репрезентациите на Хрватска, Португалија, Белгија и на Швајцарија.