Суперлигата како проект не успеа да издржи ниту 48.часа откако Арсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челси, Интер, Милан и Атлетико Мадрид соопштија дека се повлекуваат.

Единствено претседателот на Реал Мадрид, кој е прв човек на Суперлигата, Флорентино Перез беше единствениот кој изјави дека никој официјално  не се повлекол од Суперлигата , односно никој не ги платил пеналите за повлекување од проектот.

Шпанскиот весник Возпопули излезе со информација дека казната за секој што сака да го напушти натпреварувањето е  „дебела“, односно секој клуб кој ќе се откаже од Суперлигата ќе треба да плати околу 300 милиони евра. Сумата е прилично висока бидејќи новото натпреварување е финансирано со заем од 3,2 милјарди евра од ЏејПи Морган.

Сепак, денес шпанска „марка“ повикувајќи се на извори од Суперлигата , истакна дека ова не е точно ,а извршниот директор на Арсенал, Винаи Венкатешам излезе со информација  дека пеналите за повлекување од проектот се околку 9 милиони евра.