Откако пред две години ја напушти Барселона и замина во ПСЖ, Нејмар сега, според светките медиуми,очајно сака да се врати на Ноу Камп.

Шпанските медиуми објавија детали од договорот кои Барселона го подготви за Нејмар.

ПСЖ во моментов го плаќа фудбалерот 36 милиони евра годишно, додека Барса му нуди бруто плата од 22 милиони, така што фискно за Нејмар би биле 16 милиони, а шест би зависеле од неговата игра и резултати.

Понуден му е договор на пет години, со клаузула да Нејмар може да замине во друг клуб ако истиот плати пола милијарда евра.

Се чека одговор од ПСЖ.