Интер со неверојатен пресврт во второто полувреме го совлада Милан со 4-2, првиот дел заврши со 2-0 за „росонерите“.

Антонио Конте беше „бомбардиран“ со прашања од новинарите по средбата, што им кажал на играчите на полувремето.

„Не зборувавме многу, во првото полувреме бевме во големи проблеми, постоеше можност да изгубиме катастрофално. Наместо тоа се вративме во рамнотежа, сфавитвме што треба да поправиме во играта и верувавме во себе. Сите заслуги се на играчите. Јас едноставно немав што многу да им кажам, им посочив на играчите каде грешат и тие се поправија, за титулата не размислуваме сеуште, но чекаме шанса“ – изјави Конте.

Интер има пеколен распоред, игра две дерби средби во следните две кола со Лацио и Јувентус.