Пауло Дибала се уште е во Јувентус, но клубот и натаму има желба да го продаде.

Додека се чекаат понудите на фудбалерот, се подгреваат и шпекулациите дека Дибала е подготвен да замине во јануари, доколку се утврди дека нема да игра за „Старата дама“.

Сепак, извор кој учествувал во преговори меѓу Тотенхем и Дибала открива зошто преговорите со англиските клубови пропаднале, додавајќи дека фудбалерот сериозно треба да размисли да најде нови претставници бидејќи му ја уништиле работата од соништата.

„Понудени му се 10 милиони евра и прогресивен раст на платата, ќе беше поплатен од Хари Кејн, изгледаше дека се оди во добра насока. Со Јувентус договорен беше трансфер од 75 милиони евра со бонуси. А тогаш менаџерите ги изнесоа своите барања и се дојде повторно до огромните провизии кои ги бараа. Преговарачите на Тотенхем се погледнаа и ги прекинаа разговорите.“ – го пренесуваат медиумите анонимниот извор.