Апенините ги тресе нов скандал, овојпат не е поврзан со лажирани натпревари, туку за можна малверзација при реализацијата на трансфери.

Според медиумите во Италија, обвинителот на Италијанската фудбалска федерација, Џузепе Чине има многу работа пред себе.

Се проверуваат вкупно 62 трансфери реализирани од 2019 до 2021 година, 42 од трансфер зделките се на Јувентус, спорен е и трансферот на Осимхен во Наполи.

Ова ќе биде долга истрага со повеќе рочишта а засега не се најавени можните санкции за вклучените во овој скандал.