Министерот за спорт на Италија, Виченцо Спадафора тврди дека Кристијано Роналго го прекршил протоколот за заштита од Ковид-19 окога се врати во Торино откако беше утврдено дека има Ковид-19 за време на настапот за Португалија.

„Кога Роналдо се враќаше во Италија не го почитуваше протоколот. Затоа отворивме истрага за се да утврди ова.“ – вели Спадафора.

Интересно е тоа што враќањето на Роналдо со приватен авион не е проблематично, туку тоа што напаѓачот своеволно одлучил да го напушти карантинот без притоа да добие легална дозвола од Португалија.

Спадафора потсети дека засега професионалниот спорт засега останува да се реализира според досегашната пракса во Италија со најмногу од 1000 навивачи на трибините.