Борбата на УЕФА и најбогатите европски клубови кои сакаат или сакаа да направат свое натпреварување се уште е тема која не стишува и на која не и се надзира крајот, а разговорите наскоро би можеле да тргнат во нов смер, откако се појави планот на УЕФА за Лигата на шампионите во блиска иднина. Во прашање е идеја за изгледот на турнирот од 2027 година.

Според оваа документација што се појави на социјалните мрежи, УЕФА наводно планира Лигата на шампионите да формира на следниот начин.

Групите би се формирале со извлекување на клубови од 10 шешири во кои би можеле да бидат максимум два тима од една земја. Тие би биле сложени според коофициентите на тимовите од кои многумина би сонувале за настап во натпреварување, а други би имале шанса да влезат низ квалификациите.

Четири групи, 10 клубови

Со ждрепка би се одлучувал изгледот на четирите групи со 10 клубови во секоја. Во формат каде тимовите би играле секој против секого само по еднаш, двете најдобри по девет кола би избориле осминафинале на Лигата на шампионите. Нив би им се придружиле и тимовите кои ќе завршат од третото до шестото место, кој за нокаут фазата би разигрувале низ други натпревари. Седмо и осмопласираните тимови од групите би продолжиле во Лигата на Европа.

World Classic

Едно коло од групната фаза би се играло надвор од Европа, по градови ширум светот. Според проекциите на УЕФА, како градови домаќини наведени се пред се Сиднеј, Јоханесбург, Пекинг, Токио, Њу Џерси, Мексино Сити, Рио де Жанеиро…

Според оваа идеја на УЕФА средбите од Лигата на шампионите не би се играле само во вторник и среда. Покрај тие денови, натпревари би имало и од петок до недела. Тие би биле дел од „World Classic“ серија, односно средби на неутрален терен. Секој тим би имал по една таква, а по четири натпревари би играле дома и на гости.