Реал Мадрид  подготвува голем план за ова лето да го донесе Килијан Мбапе од ПСЖ, пишува Гол.ком

Шпанските гиганти сакаат да се ослободат од неколку играчи за да заработат пари и да ги намалат трошоците, а потоа да се фокусираат на доведување на Француската ѕвезда која влезе во последната година од договорот со клубот.

Реал сега сака да се ослободи од Марсело, Герет Бејл, Иско и Маријано Дијаз, но проблемот е што тие немаат намера да го напуштат клубот, пишува „Гол“.

Мбапе е на списокот со желби веќе подолго време и е се поблизу до Реал бидејќи не го продолжи договорот со ПСЖ.
Бејл, Иско и Марсело имаат уште една година договор. Бејл сака да го  испочитува договорот до крај по враќањето од позајмица од Тотенхем, Иско може да добие шанса кај Карло Анчелоти, додека Марсело е новиот капитен по заминувањето на Рамос.

Рафаел Варан, кој веќе се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, исто така влезе во последната година од неговиот договор.

Најголемата цел на Реал е да го донесе 22-годишниот Мбапе, кој влезе во последната година од договорот со ПСЖ и сè уште нема индиции дека може да има продолжување на соработката. Мадридскиот клуб со години се обидуваше да го донесе Мбапе, но ПСЖ сака да го задржи дури и ако не го продолжи договорот со него ова лето.