Ерлинг Халанд  и оваа сезона брилијантен во Бундеслигата, а списоците на најдобрите стрелци и асистенти не се единствените според кои е меѓу најдобрите во лигата. Според Кикер, тој го забележал и третиот најбрз спринт во германското првенство.

Највисоката брзина во Бундеслигата оваа сезона ја постигнаа Брајан Ласме од Арминија Билефелд и Алфонсо Дејвис од Баерн. Нивната брзина изнесувала 36,08 километри на час.

Зад нив е веднаш Халанд, кој истрча 35,94 километри на час. Исклучителната брзина му помогна да постигне седум гола и да подели четири асистенции во само пет настапи во лигата оваа сезона.

Така, Халанд во моментов е заедно со Роберт Левандовски од Баерн, најдобар стрелец во лигата, додека на листата најдобри асистенти го дели првото место со Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Марко Ројс (Борусија Дортмунд) и Томас Мулер (Баерн).

Најбрзиот фудбалер на светот е Бразилецот Бруно Хенрике, кај кој  некогаш беше измерена брзина  од 38 км / ч. Килијан Мбапе е трет на таа листа со 36,2 км / ч, веднаш зад Герет Бејл (36,9).