Арсенал повторно се обидува да се реши од услугите на Месут Озил, но неговиот договор и високите примања и натаму претставуваат проблем за таа реализација.

Фудбалерот не сака да се откаже од своите примања, но исто така му пречат и критиките во врска со неговиот учинок на теренот.

Озил одлучи да го прекине молкот и да каже која е неговата одлука.

„Кога нема некој голем натпревар да го одиграме добро, веднаш е тоа моја грешка. Ако тоа е вистина, зошто тогаш не победуваме во дерби натпреварите кога јас не играм? Не постои разлика. Знам дека луѓето очекуваат повеќе од мене, да ја диктирам играта и да правам разлика, тоа и го работам, но не е лесно. Не сум единствен играч во тимот, не заборавајте дека некои ривали се подобри од нас. Имам договор до 2021 и до тогаш ќе останам во Арсенал, не ми е лесно, но немам причина да заминам. Тука ќе бидам уште една сезона.“ – дециден е Озил.

Оваа сезона тој помина само 142 минути на теренот, што е само потврда дека амбицијата на раководството е да му се заблагодари на Германецот за досегашните услуги.