Иднината на Месут Озил на „Емирате“ е доведена во прашање откако плејмејкерот го преседе дуелот на Арсенал и Ливерпул на трибините.

Озил бил подготвен за  големото дерби но Емери одлучи да не го искористи неговиот квалитет што дополнително го налутило фудбалерот кој заработува по 350 000 фунти неделно.

Преселба во МЛС лигата повеќе од еден месец се најавува за Озил но постои интерес и од Интер, Борусија Дортмунд и од Валенсија, пренесува „Дејлимеил“.