Манчестер Јунајтед се согласи на условите под кои Интер го бараше Санчез. Чилеанецот дефинитивно ќе се пресели во Италија, пренесува Скај Спортс.

Интер ќе покрие 5 милиони евра од годишната плата на напаѓачот додека останатите седум милиони ќе останат обврска на Манчестер Јунајтед.

Со ова завршува трансфер сагата со седумката од „Олд Трафрод“. Санчез се прослави во Европа токму со настапите во Серија А во дресот на Удинезе пред да направи трансфер во Барселона.

Санчез ќе биде второ летно засилување се екипата на Антонио Конте од Јунајтед по Ромелу Лукаку.