Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен во следната сезона ќе ги предводи најбараниот млад фудбалски менаџер, Јулиен Нагелсман.

Ова е последната информација од Германија која ја потврди Билд а на големо се најавуваше во последните 24 часа.

Нагелсман со Лајпциг направи неверојанен успех и беше цел на повеќе клубови од Европа, но се решил да ја прифати понудата од „Баварците“.

Во следните неколку дена ќе биде познато колку Баерн Минхен ќе мора да му плати на Лајпциг за да го добие Нагелсман.

Неофицијално Лајпциг бара 30 милиони евра за предвремен раскин на договорот со нивниот моментален шеф на стручен штаб.