По 12 години поминати со Баерн Минхен и освојување на многу титули, Франк Рибери денес е слободен играч.

Понудите за 36 годишниот Французин пристигнуваа од сите страни, а италијанските медиуми тврдат дека тој е на чекор до преминување во Фиорентина.

Рибери наводно бил привлечен од проектот за создавање на силна Фиорентина која има амбиции оваа сезона да се вмеша во борбата за врвот на Серија А. Според пишувањата на медиумите се очекува потписот на договорот да биде потврден за неколку дена.