Нема повеќе дилеми, во случај да не се зголеми опасноста од Ковид-19, во однос на тоа дали Манчестер Сити ќе го пречека Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Уефа се соочи со прблем околу протоколите во Англија за организација на меѓународен натпревар поради Ковид-19.

Правилото е 14 дена во карантин пред да можат луѓе од Шпанија да влезат во Англија. Сепак ова нема да важи за фудбалерите на Реал Мадрид кои сепак ќе се борат за пласман во осминафиналето и за анулирање на предноста на „Граѓаните“ од 2:1 на „Етихад“.