Лукас Пакета пристигна како големи засилување во Милан но оваа сезона е далеку од играчот кој ветуваше многу со првите неколку настапи во Серија А.

За Пакета неофицијално интерес има од ПСЖ и од Фиорентина додека Јувентус го нуди Бернардески во директна трампа, но Бразилецот верува дека нема да го менува клубот.

„Милан е мојот нов дом. Се надевам дека тука секогаш ќе бидам среќен и ќе можам да освојувам титули со овој историски клуб. Ја сакам храната која се готви во Италија, јазикот, сакам да сум дел од Милан. Секако дека ми недостига Бразил и моето семејство и пријатели, но среќе. сум во Италија и се надевам дека ќе добивам поголема шанса на теренот.“ – изјави Пакета.