Италијанскиот фудбалски клуб Палермо во следната сезона нема да игра во Серија Б, а на негово место официјално ќе се натпреварува Венеција.

Федералниот суд на Италија во Рим ја соопшти конечната одлука дека Венеција ќе игра на местото на Палермо во Серија Б.

Причината поради која е исфрлен Палермо е неисполнување на административните обврски.

Тоа значи дека македонските фудбалски репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски ќе заминат од оваа екипа како слободни фудбалери и ќе треба да побараат нова средина.

Несторовски ќе треба само да го официјализира трансферот во Удинезе, додека сеуште не се знае каде Трајковски ќе ја продолжи својата кариера.