Само три месеви откако седна на клупата на грчкиот фудбалски гигант Панатинаикос, шпанскиот тренер Дани Појатос доби отказ.

Шпанецот кој дојде во Панатинаикос од младинскиот тим на Реал Мадрид по воведните три кола му донесе само бод на клубот од Атина, претрпувајќи порази од АЕК и ПАОК.

Грчките медиуми како главен кадидат за нов тренер го наведуваат искусниот романски стратег Ласло Болоњи, тренерот кој го „откри“ Кристијано Роналдо своевремено во Спортинг.