Како што дознава дриблинг.мк , фудбалските легенди, Дарко Панчев и Илија Најдовски повеќе не се дел од ФК Вардар.

Панчев е одјавен на 23. септември, Илија Најдовски на почетокот од овој месец, според нашите сознанија ќе им бидат исплатени и заостанатите плати во најкраток можен рок во време кога 10 месеци вработените не зеле плата.

Двете легенди на Вардар ќе добијат сериозни суми кои клубот им ги должи на име на плати во време кога клубот има големи финансиски потешкотии.

Дарко Панчев работеше во клубот како спортски директор, Илија Најдовски беше технички директор кај „црвено-црните“.

Најтрофејниот клуб во Македонија има одлични резултати во ПМФЛ и покрај проблемите со кои се соочува, лидер е на табелата со состав речиси идентичен состав од лани и клупа која е комплетно младинска.

Тренерот Александар Васовски создаде игра која е шампионска, препознатлива и победничка.