Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев направи споредба за значењето на успехот во спорот во Македонија но и ја посочи разликата меѓу ракометот и фудбалот.

Панчев, уверува дека ракометот не е планетарно популарен спорт. Популарниот „Кобра“ со оваа изјава за „Балкан Хандбол“ на некој начин го коментираше и успехот на РК Вардар и полната „Јане Сандански“.

„Ако го споредувате ракометот и фудбалот, тоа е исто како да правите споредба меѓу професор во средно училиште во Скопје и Ајнштајн. Кој гледа ракомет во Европа? Нашите луѓе се желни за успех, да играме во финале на европско првенство во куглање и да имаме голема сала, таа би била полна. Но, кога сте виделе во училишен двор да се соберат десетина деца и да играат ракомет? Денеска не играат ништо, можеби фудбал или кошарка.“ – изјави Дарко Панчев.