Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев во интервју за „Вечерни.хр“ ја објасни ситуацијата поради која тој и Најдоски не се повеќе дел од раководната структура во ФК Вардар.

Панчев и Најдоски беа најавени како клучна алка во развојот на најтрофејниот фудбалски клуб  од Македонија но „љубовта“ не траеше долго.

Дриблинг.мк веќе најави дека вардарово дуо не е повеќе дел од управата на клубот а наскоро ќе бидат исплатени сите долгови.

„Во Вардар се случи нешто чудно. Илија Најдоски и јас дојдовме во Вардар за да го подигнеме квалитетот во ссотавот и да станеме конкурентни во Европа. Во ова многу брзо успеавме на направивме големо изненадување откако го елиминиравме Фенербахче. Клубот заработи многу пари со пласманот во групната афза во Лига Европа. Очекувавме луѓето од клубот да ги инвестираат тие пари за ангажман на уште подобри фудбалери за Вардар да биде посилен и поконкурентен.“ – тврди Дарко Панчев.

„За жал се случи одбратното. Во следната година немаше воопшто пари, се должеше на сите страни, некои играчи си заминаа а не беа донесени прави замени и резултатите беа катастрофални. Јас и Најдоски видовме дека нема ништо од тоа што беше договорено на почетокот и затоа полека се повлекувавме, веќе не сме во Вардар. Зошто се случи ова може да ви објаснат луѓето кои го водат клубот.“ – вели Дарко Панчев во изјава за вечерни.хр.

ФК Вардар во оваа сезона и покрај финансиските проблеми успеа во воведниот дел од сезоната да ја стабилизира формата и во моментов е на првото место на табелата во ПМФЛ со два бода предност пред Академија Пандев по девет одиграни кола.