Вардар официјално е второлигаш, оваа информација одекна како „бомба“ во регионот, секако во фокусот е Дарко Панчев кој ја анализира ситуацијата во клубот.

Во опширно интервју за „Моцартспорт“ кое целосно можете да го прочитате ТУКА, Панчев зборува за Вардар, за фудбалот воопшто.

„Да имавме и ние Александар Вучиќ, кој многу го сака спортот ќе се пееше друга песна, тој многу го сака спортот, знае дека е важен за државата. Вучиќ препозна дека спортските успеси се најевтин и најдобар начин да се промовира државата“ – изјави Панчев.

Панчев изјави и дека Сергеј Самсоненко немал голема визија за Вардар, тоа се покажало кога не се вложени парите од УЕФА по пласманот во Европа лигата.