Неофицијалниот почеток на крајот на СФРЈ се смета инцидентот на „Максимир“ на 13 мај 1990 година, Динамо Загреб ја пречека Црвена Звезда, натпреварот остана запаметен како историски не поради резултатот туку поради нередите на теренот.

Наместо фудбал на „Максимир“ имаше инцоденти кои денеска се прераскажуваат, беа најава за распадот на  СФРЈ.

Дарко Панчев од сегашна перспектива ги коментира настаните на „Максимир“, тогаш „кобрата“ беше член на Црвена Звезда.

„Не можам со сигурност да тврдам но подоцна се зборуваше дека ова беше „пробен балон“ за распад на државата кој птоа се случи. Немаше никакви најави дека може да дојде до ваков инцидент, нашето доаѓање во Загреб мина без проблеми, немаше сигнали дека може да дојде до прекин. Провокациите од трибините беа вообичаени се до кршењето на оградата и влезот на навивачите на теренот. Бобан беше млад играч, ситуацијата го понесе и реагираше неискусно, инаку тој е многу добар човек. Мислам дека светската политика го уништи целиот регион, и фудбалот“ – изјави за мондо.рс Дарко Панчев.